Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Винаријата „Сковин група“ продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина

Винаријата „Сковин група“ продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина

Винарија „Сковин група“ располага со 600 хектари на лозови насади, а оваа година бербата ја почна со Chardonnay од кое се очекува доста квалитетно вино.

Оваа винарија, која датира од 1979 година и е првенец во производство на домашно вино од Скопскиот вински регион, денес располага со капацитет од 17 милиони литри вино, кое се пласира на домашниот и неколку интернационални пазари. 

Винаријата „Сковин група“ продолжува една уникатна приказна со создавање на врвни вина, почитување на традицијата и негување на љубовта кон виното. Со новата берба и новите стратешки насоки на винаријата, очекувањата се да се продолжи пласманот на вината во регионот, на пазарот во Европската Унија, како и на сите интернационални пазари.

„Виното го креира начинот на живот на луѓето, производството на вино е старо колку самата историја и наоѓа место во уметноста, литературата, религијата и митологијата. Нашата држава се истакнува во многу легенди, летописи и митови кои ја нарекуваат татковина на виното. Љубовта кон ова традиционално производство на виното е истрајна, постојана и ќе продолжи во иднина со посветената работа и континуирани инвестиции во квалитетот на лозјатам а со тоа и во виното“, порачуваат од винарија „Сковин група“.

Сподели ја објавата