CYBER WEEK – искористете го попустот од 40% на долна и спортска облека.

Како да патувате, да се храните здраво и да се разгалувате (одвреме-навреме)

Како да патувате, да се храните здраво и да се разгалувате (одвреме-навреме)

Автор: Сузан Бауерман, mr.sc., лиценциран нутриционист, CSSD, CSOWM, FAND – постар директор за Глобална едукација и обука за исхрана, Herbalife Nutrition

Летото е период за да се опуштиме, да уживаме и да направиме пауза од секојдневните обврски. Во лето имаме и можност да посетиме блиски или далечни места каде што не сме биле.

А, кога сме на одмор, не уживаме само во нови места, туку пробуваме и нови видови храна. Кој не би сакал да ги проба сите локални специјалитети и да направи пауза од секојдневниот начин на исхрана?

Ако сте на одмор, тоа не значи да престанете да се храните правилно. Може да патувате, да се храните здраво, да откривате нови места и покрај сѐ ова одвреме-навреме да се разгалите така што ќе ги следите овие едноставни совети. 

Пијте вода 

Кога помислуваме на лето, си замислуваме слики од овошни пијалаци декорирани со мали, хартиени чадорчиња. Најголем дел од овие напитоци се вкусни, но од друга страна може да содржат голем број калории од алкохол, засладени сирупи и сокови. Не паѓајте во искушение да претерате со овие засладени напитоци така што ќе си го ограничите бројот на пијалаци што ќе ги испиете и одржувајте ја хидрацијата со вода, чај без додатоци или минерална вода. Во топлите летни денови, хидрацијата е неопходна за да се надомести водата што се губи преку потење и ни помага да се заштитиме од топлотен удар. 

Јадете паметни ужини 

Кога пешачите цел ден низ градот или кога сте во забавен парк, ќе наидете на многу примамливи ужини и улична храна. Но, голем дел од овие ужини содржат голем број калории, затоа каснете само два-три гриза и поделете го остатокот со пријателите или семејството. Помалку ќе се настрвите ако не сте многу гладни, затоа пред да излезете, изедете појадок богат со протеин и носете си здрави ужини – како што се протеински плочки, јатки или овошје.

Движете се 

Патувањата во лето често ги поврзуваме со седење покрај езеро, базен или океан. Додека сте на одмор треба да се опуштите и да поминете време во читање, да уживате во убавите погледи и да се релаксирате, но тоа не значи дека треба да престанете со редовниот тренинг. Носете си патики за вежбање или костим за капење и искористете ја теретаната или базенот во хотелот. Некои ресорти нудат и часови за вежбање во група – од јога до аеробик во вода – забавен начин за да се раздвижите. Следете по колку чекори правите на ден и ако сте во можност, пешачете до локални места. Некои локални теретани ќе ви дозволат да ги користите една или две недели, а има и многу социјални центри што нудат тренинзи.

Јадете салати 

Секој оброк почнете го со салата наместо со леб и путер или пржено предјадење. Салатите и додатоците со зеленчук се одличен начин да внесете здрава храна пред да го пробате другиот дел од оброкот. Настојувајте 50 % од оброкот да ви биде зеленчук за да си дозволите да пробате локални специјалитети, а притоа да се придржувате кон начин на исхрана што е подобар за вас. 

Добар сон 

Кога одиме на патување, обично си фантазираме дека ќе спиеме на најудобниот кревет во светот во прекрасна хотелска соба, но патување може да значи и да кампуваме на воздушен душек или да спиеме во соба со тенки ѕидови или да ја делиме со повеќе членови од семејството.

Едно истражување покажува корелација меѓу недоволно спиење и прејадување – кога сме премногу уморни, понекогаш ја користиме храната (и тоа не секогаш здрава храна) за да добиеме енергија. Кога патуваме, особено во различни временски зони, ни се нарушуваат редовните навики на спиење.

Колку што е можно повеќе, настојувајте да се будите и да си легнувате во вообичаеното време. Користете маска за очи ако ви е светло во просторијата и тампони за уши за да ја редуцирате вревата.

Кога одите на појадок наутро додека сте поспани, избегнувајте ги рафинираните јаглехидрати во облик на вафли или печива. Наместо нив, хидрирајте се со вода, кафе или чај без додатоци и побарајте здрави протеини, како што се јајца или кисело млеко.

Летниот период е време кога патуваме за да истражуваме нови места со семејството и со пријателите. Фактот дека не треба да се придржувате кон стриктни планови не значи дека треба да одморате и од здрав начин на исхрана. Правилна исхрана значи рамнотежа и умереност, па затоа слободно пробајте локални специјалитети, а потоа вежбајте за да ги потрошите вишокот калории. Уживајте во сѐ што ви нуди летото и имајте одмор без да се откажете од здрав начин на исхрана.

За повеќе информации за Herbalife Nutrition производите и за совети од нашите тренери за исхрана, пријавете се ОВДЕ.

Сподели ја објавата