CYBER WEEK – искористете го попустот од 40% на долна и спортска облека.

Како може да се ублажи сколиоза?

Како може да се ублажи сколиоза?

На нашите прашања одговараше Александар Димитровски, физиотерапевт во центарот за физиотерапија „Кинезика“.

Зошто доаѓа до појава на сколиоза?

Причината за појава на сколиоза е пред сè од генетски карактер, детето со сколиоза во најголем број од случаите има идентична форма на ‘рбетот како едниот од родителите, но понекогаш сколиозата може да се појави и подоцна, во текот на растот на детето, како последица на некое заболување на ‘рбетниот столб или друга патологија во таа област. 

Секако, новото време, технолошкиот развој, намалената физичка активност и дебелината кај децата може да бидат причина за лош психомоторен развој и може да бидат сериозна причина за поттикнување лошо држење на телото и зголемување на степенот на искривување на ‘рбетот. 

Ова се предизвици со кои родителите и општеството треба многу сериозно да се позанимаваат.

Совети за подобро држење
  • Редовната физичка активност и здравата исхрана се многу важни. Кога има зголемена телесна маса, зглобовите на детето се преоптоварени и не можат да го исполнат својот потенцијал, не се развиваат како што треба, а тоа резултира со деформитети.
  • Вежбите за сколиоза се важни за лекување и превенција на лошото држење на телото. Со корективна гимнастика може да се започне од петтата или шестата година. Таа го обликува телото, при што секој зглоб и секоја позиција посебно се тренираат.
  • Практикувањето спорт од базичен карактер, како што се гимнастика, пливање или атлетика, може да помогне во случај на полесна форма на сколиоза.
  • Препознавањето сколиоза е исто толку важно. Родителите треба да обрнат внимание на сите промени во држењето: дали детето се движи убаво, дали има разлика во висината на рамената, дали е идентична положбата на лопатките. 
  • Поминете со палецот и показалецот по работ на испакнатиот дел на ‘рбетниот столб и видете дали таа линија е права или има застранување. Доколку се забележи некаква аномалија, задолжително треба да се пријави кај педијатар или детски ортопед.

Сподели ја објавата