CYBER WEEK – искористете го попустот од 40% на долна и спортска облека.

Најдобар паметен мобилен телефон – Samsung Galaxy S21 Ultra 5G

Најдобар паметен мобилен телефон – Samsung Galaxy S21 Ultra 5G

Samsung Galaxy S21 Ultra 5G е паметниот телефон што победи во категоријата „најдобар паметен телефон” на Global Mobile Awards (GLOMO Awards), одржани во текот на Mobile World Congress 2021 (MWC 2021).
 
Годишните GLOMO-награди претставуваат признание за вредностите на хардверот, софтверот и на услугите, кои ширум светот поттикнуваат на иновативност во индустријата на мобилни уреди.
 
Паметниот телефон кој, покрај професионална камера и премиум-карактеристики, има и интелигентен екран, е вистинскиот избор за корисниците што сакаат да прават убави и детални фотографии. Тој е воедно првиот уред од серијата „S” што го поддржува S Pen, паметното пенкало дизајнирано за поголема продуктивност на корисникот.
 
Со елегантен дизајн и многу одлики, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G го претставува најдоброто од инженерството на „Самсунг”.

Сподели ја објавата