Секоја супа на „Подравка“ е создадена и произведена од срце
boxmedia2021-11-24T13:00:28+01:00Повеќе од 60 години, „Подравка“ им нуди на своите потрошувачи највкусни супи, и само најквалитетните и внимателно избрани состојки станаа дел од широката палета на супи на „Подравка“.
Тајната е што секоја супа на „Подравка“ е создадена и произведена со срце, дел е од животот на своите потрошувачи и ја ужива нивната доверба. Вкусот на вистинска домашна супа, семејните собири околу трпезата, топлата и блиска атмосфера и денеска се синоними за супите на „Подравка“.
Со над 80 вкусови на супи кои се продаваат на повеќе од 40 пазари низ светот, „Подравка“ нуди супи за сечиј вкус и за секоја пригода: од класични, иконите Кокошкина супа со тестенини и Говедска супа со тестенини, преку стандардните вкусови со кои секојдневно го започнуваме ручекот, па се’ до крем-супите за најголемите сладокусци.
Кокошкината супа со тестенини и Говедската супа со тестенини, со традиција повеќе од 60 години, се омилените супи на генерации потрошувачи.
Тие се добредојден гостин на семејните ручеци – носат идеална комбинација на вкус на месо, коренест зеленчук и квалитетни тенки тестенини, и сето тоа само за 5 минути готвење!
Препознатливиот шарен петел на Кокошкината супа и кравата на Говедската супа до денеска останаа симболи на овие вкусни супи.
На македонскиот пазар, потрошувачите ја одбраа Кокошкината супа со тестенини на „Подравка“ како омилена, а покрај оваа супа, честопати во нашите чинии се наоѓаат и Швајцарската, Алпската и Сватовската супа на „Подравка“.
Со цврста основа во традицијата и со поглед кон иднината, „Подравка“ постојано работи на инвентивни нови вкусови и комбинации со цел да одговори на растечките желби и потреби на потрошувачите и да биде во чекор со трендовите во исхраната.
На овој начин, редовно го збогатуваме асортиманот со нови супи, но и со некои нови практични решенија за потрошувачот:
Ретро кокошкина коцка и Ретро говедска коцка се нови производи во категоријата супа на „Подравка“, кои го следат вкусот и квалитетот на нашите супи – икони. Препознатливите две супи ви го гарантираат вашиот омилен вкус и квалитет, кој благодарение на овие коцки, сега може да ги збогатите јадењата како рижото, тестенини, чорби, сосови и многу други.