Сè на едно место за здравјето на вашата кожа во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев
boxmedia2021-11-24T13:00:15+01:00Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa Жан Митрев е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување.
Квалитетот и професионалниот пристап се нивниот приоритет
Овде секој третман е персонализиран и по мерка на пациентите, а приватноста загарантирана. Ги применуваат светските трендови во пракса и користат докажани брендови на препарати. Нивна главна цел е задржување на природниот изглед при разубавувањето, но исто така и промовирање на здрав живот и подобрување на севкупната задравствена состојба и животни навики, вклучително озон терапија, медицинска козметика, природни масла и вклучително нутритивниот аспект со како совети за исхрана.
Нивниот тим искусни дерматолози, обучени од светски признати експерти ви стојат на располагање за: Естетска дерматологија, козметологија и дијагностика.
Естетска дерматологија
Како одминува времето, нашата кожа ги покажува природните, неизбежни знаци на стареење – брчки, линии и оштетувања од сонцето. На ова може да се спротивставите со нехируршки козметички процедури кои можат да ги измазнат линиите и брчките, да подигнат тонус, да ја затегнат опуштената кожа, да ги намалат флеките, да ја поправат нерамномерната пигментација, да го минимизираат изгледот на вените на лицето и да создадат свежа, блескава, младешка кожа.
Нивните третмани решаваат многу проблеми на најразлични делови на телото.
Третманите вклучуваат филери на усни, фини линии и брчки, процедури на анти-стареење, затегнување на кожата, обновување на површината на кожата, отстранување на лузни од акни. Некои од најпопуларните нехируршки третмани што ги нудат вклучуваат Ботокс®, микродермоабразија, мезотерапија, полнила за ткива-филери, микронидлинг, хемиски пилинг, и многу повеќе.
Козметологија
За дерматолошките состојби кај деца и возрасни кои вклучуваат акни, бемки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеа и рак на кожа, како и третман на рани, нудат решенија кои ќе ве направат задоволни вас и вашите деца.
Дијагностистика во дерматологија
Достапни се и алерголошки тестови, биопсија од кожа, дермоскопија и мапирање на бемки и уште многу услуги насочени кон подобрување на здравјето на кожата.
Освен тоа, сите клиенти добиваат бесплатна консултација со совети за следните чекори во разубавувањето. Доколку сакате да закажете термин кај д-р Александра Лазаревска и д-р Анџелка Илиева, јавете се во нивниот контакт центар на 02/3091 484.
Веб-сајт: www.zmc.mk
Инстаграм: zanmitrevclinic