Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Безвременско патување со „Божиновски часовници и накит“

Безвременско патување со „Божиновски часовници и накит“

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „петата авенија“, благодарение на новиот бутик салон на „Божиновски часовници и накит“, кој блесна со својот нов уникатен, свеж и луксузен изглед, подарувајќи му на Скопје место за патувачи и сонувачи на ниво на светските метрополи.

„Новиот бутик салон со својата отвореност кон пешачката патека е концепиран на тој начин да биде целосно компактен со опкружувањето, на тој начин збогатувајќи го централното јадро на Скопје со амбиент кој што доликува на светските метрополи“, објаснуваат од Божиновски часовници и накит.

Прошетката започнува од врвната Omega и Tag Heuer, преку Longiness, Hamilton, Tissot, Calvin Klein и Breitling, сите гравитирајќи околу уникатниот Swatch центар, раскажувајќи ја вековната историја на швајцарската часовничарска индустрија.

Дополнителна мистичност на целиот простор и неговата приказна му дава и изложбениот дел на сервисот, збогатен со историски парчиња на мебел и алат, кои во целиот амбиент му овозможува на посетителот да заборави на постоењето на времето. Во автентичниот сервис посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со тајните механизми на познатите швајцарски часовници.

 

Сподели ја објавата