Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Како може протеинот да ни помогне да им одолееме на нездравите празнични искушенија

Како може протеинот да ни помогне да им одолееме на нездравите празнични искушенија

Автор: Сузан Бауерман, M.S., RD, CSSD, CSOWM, FAND – постар директор, Глобална
едукација и обука за исхрана

Празниците се период што го поминуваме со семејството и со пријателите и се разбира
сме опкружени со храна. Но, голем дел од празничните специјалитети содржат многу
калории, а малку нутриенти и витамини што му се потребни на телото.

Еден од начините како да се воздржите од нездрава храна е да користите повеќе протеин
и зеленчук во секој оброк, а помалку рафинирани јаглехидрати и масти. Ќе се чувствувате
позаситено и на тој начин ќе јадете помалку нездрави ужини.

Улогата на протеинот

Протеинот е важен зашто помага да изградиме и да одржуваме чиста мускулна маса. Тој е
темел на коските, мускулите, кожата, крвта и на сврзното ткиво. Оброците и ужините со
протеин повеќе заситуваат и помагаат да си го контролираме апетитот во текот на денот, а
помагаат и да ги задоволиме потребите за протеин, коишто варираат во зависност од
големината и композицијата на телото, возраста и нивото на активност.

Производите богати со протеин, како што се: месото, јајцата, месото од живина,
мешунките и семките, заситуваат и обезбедуваат витамини Б, витамин Е, железо, цинк и
магнезиум. Кога додавате протеин, а намалувате непотребни калории, внесувате
дополнителна количина нутриенти што му се потребни на телото.

Како да не се прејадуваме за празниците

Еве неколку начини како да внесувате повеќе протеин додека сте опкружени со сите
празнични искушенија:

  • Појадувајте здрав оброк богат со протеин

Почнете го денот со високопротеински појадок – со околу 25 g протеин. Наместо житарки,
пробајте шејк како заменски оброк, како што е Herbalife Nutrition Формула 1 шејкот, или
овесна каша со протеин во прав. Истражувањата покажуваат дека на овој начин ќе бидете
сити до ручек и тоа ќе ви помогне и да контролирате колку храна ќе изедете во текот на
денот.

  • Јадете здрави ужини

Не одете гладни на празничен настан. Изедете богата ужина, на пр., кисело млеко или
немасна урда со овошје или високопротеинска плочка пред да одите.

За секој случај може и да си понесете високопротеински ужини, на пр., шака несолени
јатки, протеинска плочка (Herbalife Nutrition протеинска плочка) или стапчиња кашкавал
со ниска масленост.

Внимателно избирајте ја празничната храна

Не користете гарнир со скроб, како на пр., бел ориз, леб, пире и тестенини од бело
брашно. Заменете ги со повеќе зеленчук и високопротеински зрнести производи и
интегрални житарки, како на пр., леќа, киноа или тестенини на база на зрнести
производи.

Како главен оброк, пробајте празнична салата збогатена со протеин од чисто пилешко
месо или морски плодови со едамам, тофу или зрнести производи како додаток.

Не мора комплетно да ја избегнувате омилената празнична храна. Еден трик –
избегнувајте да јадете храна што ја има во текот на целата година, како колачиња со
чоколадо, наместо тоа пробајте празнични специјалитети што се типични само во овој
период од годината, како на пр., колачиња со ѓумбир.

И не заборавајте да продолжите (или да почнете!) со рутина за вежбање, така ќе се
чувствувате подобро и ќе изгледате одлично за време на празниците.

Сподели ја објавата