Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Подгответе ја кожата за лето: 5 совети за здрава и сјајна кожа

Подгответе ја кожата за лето: 5 совети за здрава и сјајна кожа

Автор: Лора Шакон-Гарбато, Herbalife Nutrition Директор за глобална едукација за исхрана и лиценциран козметичар

Летото може во голема мера да ѝ штети на кожата, па затоа таа може да изгледа уморно, да биде сува и со флеки. Важно е на кожата да ѝ обезбедиме поддршка преку урамнотежена исхрана, внес на витамини и голема количина вода, секојдневна употреба на крем со заштитен фактор и други мерки на претпазливост.

Здравата кожа веднаш се препознава зашто едноставно зрачи. Поради оваа причина, ви даваме неколку совети како да ја одржувате кожата сјајна, особено во летните месеци.

Зголемете го внесот на протеин

Протеинот е неопходен за регенерација на постојните ткива, како и за развој на нови ткива. За одржување на клетките на кожата е потребен протеин, а телото користи протеин за да ги надомести и истрошените или мртви клетки на кожата. Зголемете го внесот на протеин преку исхраната така што ќе јадете пилешко и друг вид месо, риба, соја или тофу. И протеински шејк како заменски оброк е одличен избор за да го зголемите протеинскиот внес.

Антиоксидансите и фитонутриентите се важни

Протеинот е неопходен за здрава и убава кожа, но и антиоксидансите и фитонутриентите се еднакво важни за здрава кожа, како и за целокупното здравје. Овие растителни нутриенти што се акумулираат во кожата го подобруваат антиоксидантскиот одбранбен механизам на клетките на кожата. Затоа водете сметка во исхраната да си додадете овошје како што се: боровинки, јагоди, јаболка, и зеленчук како што се: брокула, спанаќ, домати и кељ.

Внесувајте колаген

Колагенот зазема од 25 % до 30 % од вкупната протеинска маса во човековото тело, а околу 75 % од колагенот се наоѓа во кожата. Колагенот главно се наоѓа во сврзното ткиво и неговата функција е да му обезбедува цврста структура на дермисот. Но, како што старее кожата, ја губи влажноста и станува посува. Притоа, сврзното ткиво ја губи цврстината и еластичноста и почнуваат да се појавуваат брчки, а кожата го губи тонусот. За да ѝ помогнете на кожата да старее соодветно побарајте производи со хидролизиран колаген што делува однатре и ја зацврстува кожата.

Пијте вода

Топлото време и физичката активност во текот на летните месеци може да доведат до значително губење вода и електролити, а губењето вода најпрвин се забележува на кожата. Затоа е важно да пиете доволна количина вода во текот на целиот ден, а ако излегувате додека е топло, носете си со себе ладен напиток. Најдобро би било да изберете обична вода што ќе ја збогатите со додаток, како на пр., Хербал алое – Растителниот концентрат од алое или свежо овошје за да пиете почесто. Но, проверете колку јаглехидрати содржи додатокот што го додавате во водата. Имајте на ум дека и кога јадеме свежо овошје внесуваме вода во телото. Важно е да се избегнуваат напитоци што содржат голема количина шеќер, како што се газираните сокови, зашто може уште повеќе да ви ја зголемат жедта.

Користете производи со заштитен фактор секој ден

Многумина уживаат да се сончаат во текот на летото, но не треба да се претерува – важно е да не дојде до црвенило и изгореници од сонцето. За да ја заштитите кожата од секојдневната изложеност на сонце добро е да користите Заштитен хидрантен крем cо заштитен фактор 30. Ако сте на отворено по цел ден, се препорачува да користите и поголема заштита. Намачкајте се со заштитен хидрантен крем 30 минути пред да излегувате на сонце за максимално да ги искористите корисните ефекти. За дополнителна заштита може да си обезбедите и лесна спортска облека со вградена заштита од УВ зраци. Одредени лесни материјали впиваат пот, па така кожата може да дише додека сте физички активни на отворено.

Здравата исхрана и грижата за самите себе придонесуваат за здрава кожа. Тоа е најдобар начин за да изгледате и да се чувствувате одлично. Ако на телото му обезбедувате соодветна заштита, исхрана и нутриенти, тоа ќе ви заблагодари со младешка, сјајна кожа.

За повеќе совети за нега на кожата однатре и однадвор посоветувајте се со вашиот Herbalife Nutrition Независен Дистрибутер или пополнете го формуларот на https://contact.herbalife.mk/

Сподели ја објавата