Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

ПРОПОЛИС – природен антисептик и одлична заштита од коронавирусот

ПРОПОЛИС – природен антисептик и одлична заштита од коронавирусот

Прополисот традиционално се користел преку 5.000 години. Историските записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.

Propomint спрејот за возрасни содржи екстракт од прополис. Прополис е производ на пчелите со кој ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите.

Како спреј е едноставен за употреба, со помош на распрскувачот, може директно да се нанесе во устата и  на грлото. Поради содржината на ментол, Propomint спреј дава пријатно чувство на ладење, го освежува здивот, ја отстранува непријатната миризба од устата кој се јавува од храна, алкохол или цигари. Може да се користи секојдневно.

Propomint спреј за деца е формулиран врз база на стандардизиран екстракт од прополис, исландски лишај и N-acetil cistein и наменет е за зачувување на здравјето на слузокожата на грлото, усната шуплина и непцата.

Стандардизираниот екстракт од прополис, содржан во производот, ги ублажува симптомите кои го следат воспалението на грлото и крајниците, надразнетото грло и засипнатоста, сувата кашлица, заболувањето на непцата, појавата на афти и сл.

Се користи како помош кај настинките и грипот, бидејќи ја скратува должината на траење на болеста и го зајакнува целосниот имунолошки систем на организмот.

Исландскиот лишај го ублажува воспалението и иритираната слузница на усната шуплина и ждрелото, ублажувајќи ја на тој начин сувата, надразнета кашлица, а може да помогне и во состојбите на настинка и грип, проследени со кашлица и засипнатост.

N-acetilcistein содржан во производот, ја намалува вискозноста од насобраната слуз и го олеснува нејзиното лачење од респираторните органи. Се користи како додаток кон терапијата на вирусните инфекции, синузитис, бронхитис и другите заболувања на респираторниот тракт.

Propomint спрејот за деца не содржи алкохол, а додатокот на мед и аромата на спеарминт, му даваат пријатен вкус. Безбеден е за употреба веќе од првата година на живот.

Сподели ја објавата