Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

2 иновации што ќе ви го сменат погледот на светот

2 иновации што ќе ви го сменат погледот на светот

Во чекор со хајтек-иновациите, и ги претставуваме чудата на технологијата кои, дефинитивно, ќе го сменат вашиот поглед на свет.
 
ПАМЕТЕН КУФЕР
 
Тимот на компанијата Travelmate Robotics осмисли неверојатна технолошка сензација – куфер на тркалца што ве следи во чекор. Станува збор за куфер со модерен дизајн, кој во себе има градено систем за следење, сензори за полесно движење и заобиколување пречки, како и вага – за да знаете колку тежи вашиот багаж. Се произведува во шест бои, а цената на овој совршен гаџет за патување се движи од 1.000 до 1.500 долари.
 
ГИ ОТВОРА СИТЕ ВРАТИ
 
Компанијата „Токен” лансира револуционерен повеќенаменски прстен, кој отклучува автомобил, влезната врата, компјутер и уште многу други нешта. Token Ring функционира преку „блутут”, а преку него може да се плаќаат и сметки.
 
Батеријата му трае до шест недели, а со него оди и соодветна апликација, благодарение на која многу едноставно можете да ги нагодите сите негови волшебни можности. Достапен е во шест големини, а цената на основниот прстен изнесува 249 долари, а на моделот со додатоци 399 долари.

Сподели ја објавата