Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

5 начини како здраво да се справувате со стресот

5 начини како здраво да се справувате со стресот

Автор: Дејвид Хибер, dr.med., dr.sc., FACP, FASN – претседател
на Herbalife Nutrition Институтот

Веројатно познавате некој што се наоѓа во стресна ситуација. Можеби сте во моментов
и вие под стрес и се обидувате да се справите со него. Секој понекогаш е под стрес –
тоа е природна реакција на мозокот и телото на предизвици и фактори на стрес. За
општа добросостојба е важно да научиме како да се справуваме со стресот.
Според годишниот извештај „Стресот во Америка“ што го објавува Американската
асоцијација за психологија, парите и работата од година во година стануваат сè
позначајни фактори на стрес. Но, интересно е тоа што е утврдено дека толеранцијата на
стрес е зголемена кај сите возрасни групи.
Да бидеме искрени, не е секој стрес штетен. Напротив, стресот е дел од нашата
еволуциски условена реакција „бори се или бегај“, со која браниме од ненадејна
опасност или закана. Одговорот на нашето тело на стрес ни помага да имаме поголема
ментална будност, да бидеме сосредоточени и мотивирани. Најважно е ефикасно да се
справуваме со стресот. Ако го игнорираме, хроничниот стрес може да има штетно
влијание врз умот и телото.

Справување со стресот преку здрава исхрана


На имунолошкиот систем му треба соодветен сон, физичка активност и квалитетна
исхрана. За жал, долгорочен стрес може да предизвика исцрпеност и негативно да
влијае врз расположението, што го отежнува донесувањето одлуки за здрав начин на
живот. Многу луѓе се склони да се прејадуваат кога се под стрес, при што обично
посегнуваат по храна која им е лесно достапна и во која уживаат, но често содржи
многу масти, сол и шеќер. А ако пиете премногу кафе или консумирате кофеин навечер
за подобро расположение и енергија, тоа може да има контра-ефект и да ви го наруши
сонот.
Ако размислите убаво што јадете, особено кога сте под стрес, полесно ќе се справувате
со стресот и ќе си го промените начинот на реагирање во стресни ситуации.


Внимателно со грицките!


Висококалорични грицки може да предизвикаат ослободување на одредени хемиски
супстанции во мозокот што ни даваат чувство на задоволство, но само на кратко. Со
овој вид храна имате чувство дека не можете да престанете да јадете, па влегувате во
еден маѓепсан круг во кој прејадувањето ви предизвикува зголемување на телесната
тежина, а зголемувањето на телесната тежина ви го зголемува психичкиот стрес. И
слатките со многу шеќер, како што е сладоледот, може да предизвикаат моментално
чувство на задоволство, но потоа секогаш доаѓа до нагло опаѓање на шеќерот во крвта,
што нè поттикнува повторно да јадеме.
Ако чувствувате потреба да јадете, изберете хранливи, тврди и крцкави намирници за
кои треба да ги активирате мускулите на вилицата што може да ви помогне во
ублажување на стресот. Добри грицки се, на пример, бадеми, печена соја или сирови
млади моркови.

Јадете редовно и не прескокнувајте оброци


Кога сте под стрес, може да ви се случи да поместувате или целосно да прескокнете
оброци. Тоа ќе влијае лошо врз вашето расположение и ќе имате помалку енергија.
Може да дојде до опаѓање на нивото шеќер во крвта, што ќе ви го зголеми стресот. Ако
поради стрес го изгубите апетитот, обидете се да јадете помали количини храна, но
почесто во текот на денот.
Покрај тоа, важно е да јадете во пријатна атмосфера и оброкот да го одвоите од
работата или од други извори на стрес. Ако јадете на биро и истовремено работите,
или ако плаќате сметки додека вечерате, престанете со таа практика. Одвојте малку
повеќе време за оброците, забавете го темпото и опуштете се. Така веројатно помалку
ќе јадете, а повеќе ќе уживате.

Справување со стресот преку физичка активност


Дури и ако не сте љубител на вежбање, факт е дека физичката активност многу
успешно го ублажува стресот. Кога вежбаме, телото ослободува ендорфини, што
природно прави да се чувствуваме добро. За некои луѓе најдобар лек за стрес се
полесни вежби со помал интензитет како што се јога, пилатес или прошетка во парк за
опуштање. Други претпочитаат интензивни вежби како што е трчањето. Без разлика
кои вежби ви предизвикуваат чувство на благосостојба и постигнување, најверојатно
можете да ги правите и дома. Погледнете ги предлозите за вежбање на нашиот портал
Herbalife Nutrition Fitness и пронајдете нешто што одговара на вашата кондиција!

Не заборавајте го сонот


Кога не спиеме доволно, телото лачи повеќе кортизол од вообичаено. Кортизолот е
хормон на стрес, а ако го има премногу во телото, може да изгледаме уморно и под
стрес. Спиењето му помага на телото да се „поправи“ преку обновување на клетките.
Тоа е од клучно значење за целиот организам, а покрај тоа, квалитетниот сон може да
помогне и во ублажување на психичкиот стрес. Исхраната, физичката активност и
добриот сон може да придонесат за општата благосостојба. Иако тие не ги
елиминираат стресните ситуации, ви помагаат подобро да се справувате со стресот и
општо да се чувствувате подобро.
За повеќе совети за урамнотежена исхрана и здрав и активен начин на живот,
исконтактирајте нè во доверба преку образецот ОВДЕ.

Сподели ја објавата