Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Веднаш исфрлете ги овие 5 работи од домот!

Веднаш исфрлете ги овие 5 работи од домот!

Според фенг шуи, одредени предмети можат да повикаат беда и несреќа. Чувањето на овие предмети во домот може негативно да се одрази на протокот на енергијата во домот, внесувајќи немир и караници во животот.

Ако сакате да привлечете среќа, благосостојба и радост, веднаш исфрлете ги овие предмети од дома…

1. Огледало спроти креветот

Постои верување според кое, огледалото спроти креветот за спиење привлекува неповолни влијанија кои ќе се одразат на врската или бракот. Огледалата не се забранети, но најдобро е да одберете друго место за негово поставување.

2. Свенато цвеќе

Билките претставуваат раст и развој, а пријатно е и освежувачки да се има убав букет сезонско цвеќе во вазна, но свенатото може да го наруши протокот на добра енергија. 

3. Напукнати и искинати предмети

Уништените шолји и чинии привлекуваат лоша среќа. Ако забележувате дека не ги истерувате проектите до крај, дека сите решенија што ги наоѓате се преминување од шупливо во празно, за почетокот, ослободете се од оштетените работи, колку и да ви се драги.

4. Подароци од луѓе што не ви се драги

Несаканите предмети носат вознемирувачка енергија, го нарушуваат мирот и предизвикуваат незадоволство. Истото важи и за подароците или некои други спомени кои ве врзуваат за поранешниот партнер или за пријателите со кои не сте повеќе во контакт.

5. Стари, расипани технички уреди

Добро ни е позната ситуацијата во која наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го зачувуваме со мислење дека можеби некогаш во иднината повторно ќе ни затреба, иако никогаш не се случува тоа. Ваквите предмети носат лоша енергија и лошо расположение.

Share this post