Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ДРЖИТЕ ДИЕТА ВО ЈАНУАРИ Како да ги одржите своите Wellness цели во 2023 г.

Како да ги одржите своите Wellness цели во 2023 г.

ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ДРЖИТЕ ДИЕТА ВО ЈАНУАРИ Како да ги одржите своите Wellness цели во 2023 г.

Автор: Д-р Ричард Алисон, Herbalife Nutrition, број 1 во светот за
активен начин на живот и исхрана.


Ричард е нутриционист во Herbalife Nutrition во Обединетото Кралство и е главно одговорно лице за исхрана на женскиот клуб Тотенхем Хотспур, поранешно одговорно лице за исхрана за перформанси на фудбалскиот клуб Арсенал и регистриран нутриционист во Британското нутриционистичко здружение.

Нова година, нови вие, ново тело! По цел месец уживање во храна, многу од нас ќе донесат одлука да почнат рестриктивна диета. Како нутриционист може да ви кажам дека драстично намалување на количината храна или следење тренд за намалување на килограмите во краток временски период е лоша идеја.

Краткотрајното, драстично намалување на телесната тежина не функционира и со овој пристап „сѐ или ништо“ во јануари (еден од најтешките месеци за многу од нас) всушност се подготвуваме за неуспех. Каков е резултатот? Се разочарувате и се чувствувате лошо зашто сте се вратиле на старите навики.

Ако сакате да ја намалите телесната тежина и да си ја подобрите општата состојба, тоа е одлично. Меѓутоа, неопходно е да си усвоите долготрајна стратегија за здрава исхрана што ќе ја одржувате константно. Размислувајте за одржување на телесната тежина, а не за намалување на тежината и ќе успеете.

Еве 5 мали промени што може да ви помогнат да се движите во вистинска насока за вашата добросостојба.

  1. Јадете повеќе зеленчук. Смислете си нови начини како да јадете повеќе зеленчук. Кога јадете поголема количина зеленчук со оброкот, се заситувате повеќе и сте сити подолго, а воедно внесувате и повеќе витамини. Комбинирајте свежоприготвена салса со јајца за појадок, додајте зеленчук во сос за тестенини, заменете го оризот со ориз од брокула и експериментирајте со печива од карфиол.
  1. Зголемете го протеинскиот внес. Протеинот е одлична алатка за намалување на телесната тежина. Има важна улога за регенерација на мускулите и помага да се чувствувате сити подолго време, а со тоа го избегнувате ризикот да јадете ужини што содржат голема количина масти и шеќер. Секој оброк почнувајте го со високопротеински производ, тоа е одличен начин да не се прејадувате. За оние што имаат проблеми да внесуваат доволна количина протеин, протеинските шејкови се одличен и практичен начин да си го зголемат протеинскиот внес.

  1. Пијте вода, а не кафе. Лесно е да испиете безброј кафиња и чај,особено кога сте работа или кога работите од дома, ова се посебни моменти што ни даваат сила да го поминеме денот. Меѓутоа, со овие напитоци забораваме да пиеме доволно вода, а тоа води кон дехидрација. Зошто утринското кафе не го замените со топла вода и лимон? Оваа едноставна промена ќе ви го освежи и исчисти телото. Секој втор напиток во денот нека ви биде вода и за кратко време ќе ги забележите придобивките од оваа подобрена хидрација.
  1. Бидете поактивни. Дали си ветивте дека ќе одите во теретана секој ден од 1 јануари? Колку долго ви траеше оваа рутина? Вежбањето не мора да биде поврзано со теретана, ако сте постојано зафатени, треба да најдете пократки начини како да се движите повеќе и да ги следите своите амбиции во врска со здравјето. Симнете се една станица порано од автобусот или од возот и испешачете во остатокот од патувањето. Паркирајте на другиот крај од паркингот за да направите повеќе чекори додека стигнете до работа. Пешачете по 30 минути пред работа секој ден. Малите промени прават разлика.
  1. Проверувајте ја големината на порцијата. Тежината може да ја зголемите дури и ако јадете здрави оброци во големи количини. Регулирање на порцијата е навистина потценета компонента на процесот за долготрајно регулирање на телесната тежина. Купувајте производи што се веќе поделени на порции и на овој начин ќе се држите до своите цели. Сервирајте ги оброците во помала чинија, грицките секогаш ставајте си ги во чинија наместо да јадете директно од ќесичката – ова се само неколку едноставни промени што ќе ви помогнат.

Навистина сметам дека е време да ѝ се спротивставиме на оваа постојана покана да се менуваме себеси. Наместо тоа, треба да научиме како да имаме здрава, функционална и пријатна релација со храната и со телото.

За повеќе информации, пополнете го формуларот ОВДЕ.

Share this post