Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Облечете го својот дом во ново „руво”

Облечете го својот дом во ново „руво”

Обработката на подните, ѕидните и таванските површини со декоративен ефект со изглед на цемент е сè побарана меѓу архитектите.

Може да се „облечат” подовите, ѕидовите, таванот, како и мебелот во екстериерот и во ентериерот.

Завршната обработка, со изглед на цемент, е отпорна на надворешните временски влијанија, па се користи и во екстериерот за обложување пултови, шанкови, столови и за подови на терасите и на балконите.

Исто така е погодна за патеките во дворовите и за подните површини на базените. Во внатрешните простории се користи за кујни, бањи, ходници, скали, сауни, а може да се обложуваат и делови од мебел.

Изгледот на цемент може да биде во нијанси на бои како што се црвена, сина, зелена, жолта, кафена, така што е лесно да се вклопи во постојниот ентериер и екстериер.

Нема фуги, а во техничка смисла е отпорен на УВ-зраците.

Вака „облечените” подови и ѕидови му даваат дополнителна топлина во вашиот простор, пријатна атмосфера и впечаток на долготрајност и издржливост, додека вашата визија и високиот спектар на бои му даваат уникатен изглед и личен печат.

Share this post