Сакате да имате ефикасен имунитет? Дознајте зошто не смеете да ја запоставите исхраната
Дали знаете дека телото е вистинска биолошка тврдина што нѐ штити од натрапниците
од околината? Секој ден сме во контакт со голем број вируси и микроби, како што се
бактерии, габи и паразити. Меѓутоа, благодарение токму на имунолошкиот систем не
се разболуваме секој втор ден.
Имунолошкиот систем е составен од цела војска клетки,
хемиски супстанции и процеси што неуморно работат за да го заштитат телото од
надворешни напаѓачи. Постојат две основни одбранбени линии: вроден и стекнат
имунитет.
Важно е да се напомени дека разни фактори може да ни го направат имунитетот
поефикасен, а тоа може и самите да го направиме така што ќе водиме здрав,
урамнотежен начин на живот со редовна физичка активност во комбинација со
доволно одмор и спиење.
Клучен фактор е и урамнотежената исхрана со која ги обезбедуваме сите есенцијални макронутриенти, како и витамини и минерали преку
сите оброци.
Зошто е урамнотежената исхрана важна за имунитетот?
Исхрана богата со овошје и зеленчук е важен фактор за одржување нормална
имунолошка функција. Покрај тоа што овие намирници се богат извор на антиоксиданси 1 , голем дел од овие есенцијални нутриенти директно влијаат врз
имунолошкиот систем 2 .
За жал, според Светската здравствена организација (СЗО) дури 75 % од светското
население не консумира доволно овошје и зеленчук 3 .
Иако урамнотежената исхрана е незаменлива за општа добра состојба, може да внесуваме и додатоци во исхраната со клучни витамини и минерали што придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, како што се витамините А, Ц, Д и Б12, како и железо, цинк,
селен и бакар кои придонесуваат за одржување добра имунолошка функција.
1 Витаминот Ц/витаминот Е/селенот/бакарот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
2 Бакарот/фолатот/селенот/витаминот А/витаминот Б12/цинкот/витаминот Ц/железото/витаминот Б6/витаминот Д придонесува за
нормална функција на имунолошкиот систем. EFSA Journal 2009;7(9):1211
3 СЗО (WHO)
HERBALIFE NUTRITION
Immune Booster
Паметна исхрана за телото
Новиот Herbalife Nutrition додаток на
исхрана во прав Immune Booster е одлично
решение за дополнителна дневна доза
клучни витамини и минерали што му
даваат поддршка на имунолошкиот систем.
Immune Booster содржи научно докажана
состојка на база на сув квасец EpiCor®, што
претставува водечки интегрален ферментат
во светот, како и внимателно формулирана
мешавина на витамин Ц, витамин Д, селен
и цинк кои придонесуваат за нормална
функција на имунолошкиот систем. Витаминот Ц, цинкот и селенот
придонесуваат и за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Immune Booster има освежителен вкус на јагодесто овошје и е спакуван во кутија со 10
практични ќесички прав за да може да му давате поддршка на имунитетот и кога сте во
движење. Одговара и за вегетаријанска исхрана. И запомнете – додатоците во
исхраната се наменети за дополнување на исхраната и не треба да се користат како
замена за разновидна исхрана.
За повеќе информации во врска со поддршка на имунитетот, пополнете го формуларот ОВДЕ.