Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Водич за нега на мрсна кожа 5 совети како да ја одржувате хидрацијата на мрсна кожа

Водич за нега на мрсна кожа 5 совети како да ја одржувате хидрацијата на мрсна кожа

Изберете соодветен лосион за чистење мрсна кожа
Негата на кожата секогаш треба да почне со чистење на лицето. Изберете лосион за чистење лице наменет за мрсна кожа и задолжително чистете го лицето со млака вода двапати на ден — наутро кога ќе се разбудите и пред да си легнете.

Користете прајмер за лице
Изберете прајмер со матирачки ефект што ја намалува појавата на непријатен сјај. Воедно ќе ви помогне шминката да ви трае подолго. Денес, прајмерите содржат одлични состојки и нивната улога не е само да помогнат во нанесување на шминката, туку многу повеќе. Побарајте прајмер што содржи антиоксидансни витамини што ќе ви помогнат во борбата против слободните радикали.

Задолжително користете крем со заштитен фактор
Без оглед на тоа дали е лето или зима, не смеете да го прескокнете кремот со заштитен фактор. Иако во минатото се сметаше за непријател број 1 на мрсната кожа, веќе не е така. Производите со заштитен фактор се со многу подобрена формула – помалку се мрсни и не создаваат чувство на мрсна кожа што свети откако ќе се намачкате. Всушност, некои создаваат пријатно чувство како да имате нанесено пудра во прав што е одлично за мрсна кожа. Ако сакате да имате здрава, младешка кожа, многу е важно да користите крем со заштитен фактор. Затоа, изберете го оној што најмногу ви одговара.

Не нанесувајте преголема количина производи
Сите имаат проблем да определат колкава количина од производот да нанесат. Количина со големина на зрно грашок е доволна кога станува збор за серум, дневен и ноќен крем. Преголема количина од производот може да ја направи кожата да свети. Еве еден брз трик како да бидете сигурни дека нема да претерате со одреден производ: ставете по малку на овие 5 места на лицето: на челото, на носот, на брадата и на образите. Потоа само размачкајте нагоре и нанадвор: нагоре-спротивно од гравитацијата и нанадвор-насекаде до линијата на косата. Оставете да се исуши. Ако по ова чувствувате дека на некое место треба да ставите повеќе, ставете само на тој дел.

Ставајте маска од глина
Редовната употреба на маски од глина може да ви биде од голема помош ако имате мрсна кожа. Не мора да ставате секој ден, ставајте отприлика еднаш неделно и ќе имате делотворен ефект врз кожата. Глината со бентонит е позната по своите апсорбирачки и тонирачки својства. Ги отстранува маснотиите, нечистотиите и мртвите клетки од кожата и со тоа го спречува затнувањето на порите. Покрај ова, добрата маска од глина ги стеснува порите.

И уште неколку совети…

• Наутро и навечер пред да си легнете користете тоник што не содржи алкохол за рамнотежа на кожата.

• Секогаш имајте камена пудра или пудра во прав при рака за да го отстраните вишокот маснотии.

• Не нанесувајте премногу производи за нега на кожата. Побарајте хидрантен крем или серум со заштитен фактор за да не мора да се мачкате со уште еден производ.

• Секогаш избирајте козметички производи со матирачки ефект. Сè што може да ви помогне во апсорпција на маснотиите или да го намали непријатниот сјај ви е од голема корист.

• Не е толку лошо да имате мрсна кожа. Дефинитивно ја намалува појавата на ситни линии и брчки. Не е добро само кога имаме премногу маснотии и кожата почнува да изгледа мрсно, но тоа може да го решиме со дадените совети.

Ако сакате да дознаете повеќе во врска со нега на кожата, како и за производите што може да ви помогнат во врска со тоа, контактирајте нѐ ОВДЕ.

Share this post