Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

НОВА dm дрогерија во EAST GATE MALL во Скопје!

НОВА dm дрогерија во EAST GATE MALL во Скопје!

На 11 ноември, dm ја продолжи својата експанзија на домашниот пазар со отворање на дрогерија во East Gate Mall, вкупно 21. на македонскиот пазар.

Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта сѐ вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. 

Добро познатите dm марки – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.

Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 362,96 m2, од кои 279,58 m2 продажен простор, а 68,55 m2 магацински простор, како и 14.83 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до недела од 10 до 22 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 21 продажен објект, од кои 13 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид!

Share this post