Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Сè на едно место за здравјето на вашата кожа во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев

Сè на едно место за здравјето на вашата кожа во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев

Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa Жан Митрев е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување.

Квалитетот и професионалниот пристап се нивниот приоритет

Овде секој третман е персонализиран и по мерка на  пациентите, а приватноста загарантирана. Ги применуваат светските трендови во пракса и користат докажани брендови на препарати.  Нивна главна цел е задржување на природниот изглед при разубавувањето, но исто така и промовирање на здрав живот и подобрување на севкупната задравствена состојба и животни навики, вклучително озон терапија, медицинска козметика, природни масла и вклучително нутритивниот аспект со како совети за исхрана.

Нивниот тим искусни дерматолози, обучени од светски признати експерти ви стојат на располагање за: Естетска дерматологија, козметологија и дијагностика.

Естетска дерматологија

Како одминува времето, нашата кожа ги покажува природните, неизбежни знаци на стареење – брчки, линии и оштетувања од сонцето. На ова може да се спротивставите со нехируршки козметички процедури кои можат да ги измазнат линиите и брчките, да подигнат тонус,  да ја затегнат опуштената кожа, да ги намалат флеките, да ја поправат нерамномерната пигментација, да го минимизираат изгледот на вените на лицето и да создадат свежа, блескава, младешка кожа.

Нивните третмани решаваат многу проблеми на најразлични делови на телото.

Третманите вклучуваат филери на усни, фини линии и брчки, процедури на анти-стареење, затегнување на кожата, обновување на површината на кожата, отстранување на лузни од акни. Некои од најпопуларните нехируршки третмани што ги нудат вклучуваат Ботокс®, микродермоабразија, мезотерапија, полнила за ткива-филери, микронидлинг, хемиски пилинг, и многу повеќе.

Козметологија

За дерматолошките состојби кај деца и возрасни кои вклучуваат акни, бемки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеа и рак на кожа, како и третман на рани, нудат решенија кои ќе ве направат задоволни вас и вашите деца.

Дијагностистика во дерматологија

Достапни се и алерголошки тестови, биопсија од кожа, дермоскопија и мапирање на бемки и уште многу услуги насочени кон подобрување на здравјето на кожата.

Освен тоа, сите клиенти добиваат бесплатна консултација со совети за следните чекори во разубавувањето. Доколку сакате да закажете термин кај д-р Александра Лазаревска и д-р Анџелка Илиева, јавете се во нивниот контакт центар на 02/3091 484.

Веб-сајт: www.zmc.mk

Инстаграм: zanmitrevclinic

Share this post