MAC во парфимеријата FABUspot во East Gate
MAC е оригинален, модерен бренд, чија креативност, квалитет и уметност го направија водечки мејкап-бренд на глобално ниво. Застапен во повеќе од 120 земји во светот, сега и во најголемиот трговски центар кај нас.
Тој ја слави различноста и индивиуалноста, наменет за сите возрасти, раси и полови. Пристапот уште од самиот почеток е шик и урбан. Во разноликиот асортиман може да пронајдете голем избор на мејкап-производи за сите типови и нијанси на кожа, односно широка палета на производи за очи, усни и лице.
Во една година, MAC може да пласира и до 50 нови колекции, што значи дека секој месец може да очекувате новитети или лимитирана колекција.
На сите MAC продажни места се наоѓаат професионални мејкап-артисти кои со вас ќе ги споделат сите трендови и новитети во мејкап-светот.
Оваа сезона, на продажните места на MAC пристигна „Box Of Tricks”!
Празничниот календар!
„Box Of Tricks” е навистина полн со трикови и изненадувања со дури 24 подароци. Се работи за календар, кој содржи големи и мали MAC-производи на кои не можете да им одолеете.
Календарот е достапен од 5 ноември во продажните места на MAC во Скопје, (East Gate Mall).