Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Marella Stories: Моника Коцарева Ергич за модата, стилот и како да останеме свои а сепак во чекор со трендовите

Marella Stories: Моника Коцарева Ергич за модата, стилот и како да останеме свои а сепак во чекор со трендовите

Дамите што знаат како да бидат во чекор со трендовите, а сепак да останат свои, се извор на бескрајна модна инспирација. Оваа сезона, Marella ги споделува модните приказни токму на тие дами, започнувајќи со модната дизајнерка Моника Коцарева Ергич. Со неа разговаравме за модата и стилот, нејзиниот омилен моден тренд за претстојната сезона, како и од каде таа црпи модна инспирација. 

1. Како моден дизајнер, модата не е само твоја пасија, туку и твоја професија. Од каде црпиш инспирација за твоите креации и за твојот личен моден стил?

Како дизајнер, инспирацијата ми помага во одржување на мојата креативност. Кога сме иновативни, ние сме во состојба да реализираме нови и уникатни идеи. Инспирацијата буквално ја црпам на секаде околу мене, дали се тоа пријатели, работа, градови што ги посетувам, филмови и слично.

Кога се работи за мојот стил тој најчесто е мешавина од моите чувства и мојата околина. Но главно би рекла дека е спој на улична мода и класика.

Акцентот кога го ставам на удобноста секогаш избирам “оversized” и лесни парчиња на гардероба во комбинација со патики. Така се чувствувам удобно а воедно и тренди и модерно.

2. Како би го опишала твојот личен стил со 3 зборови?

Урбан, јасен и современ.

3. Кој е твојот омилен моден тренд за претстојната модна сезона есен-зима 2021?

Екстрадолгите капути, дефинитивно. Сметам дека секоја жена треба да поседува еден квалитетен капут во својот гардеробер. Оваа сезона, во тренд се The Suit Coat, односно капутите со чист крој, како на костумите.

4. Marella како бренд се посветува на современите дама и нивните потреби во урбаниот свет. Како го пронаоѓаш твојот стил во креациите на Marella?

Како што веќе напоменав за мојот стил, мислам дека е сосема јасно дека Marella е вистински избор за секоја моја пригода. Во секое време можам да направам комбинација која е современа и урбана. Во моментов најмногу ми се допаѓаат еднобојните комбинации, односно посебни парчиња со истата нијанса, кои во Marella секогаш можеме да ги најдеме. Многу ме радува што ваков италијански бренд со беспрекорен квалитет е достапен кај нас.

5. Кои се твоите омилени парчиња од новата актуелната колекција есен/зима 2021 на Marella?

Капутите, пуф-јакните и лого-производите (патики, чанти, ремени). Секаде и за секоја прогода.

6. За крај, сподели моден совет со нашите читателки кој сметаш дека секоја дама треба да го знае.

Модата треба да ја адаптираме на нашиот личен имиџ, не треба да го менуваме својот идентитет според актуелните сезони. Така ќе останеме препознатливи и свои!

Share this post