Само овој викенд: Купете капут, добијте уште 1 бесплатно! Попустот се пресметува автоматски во кошничка.

Драги мајки: носењето на бебето може да ви помогне во процесот на доење!

Драги мајки: носењето на бебето може да ви помогне во процесот на доење!

Согласно резултатите од студијата, може да се потврди дека користење носилка за време на бременоста ја зголемува веројатноста за доење во првите 6 месеци по породувањето.

За изведување на оваа студија биле спроведени домашни посети на трудници и родители по породување.

Во 30-та недела од бременоста 50 мајки добиле ергономски носилки со упатство за користење и истите биле поттикнати за што повеќе да ја користат носилката со своите деца.

Останатите 50 родители биле распределени во контролна група во која ергономските носилки биле користени 6 месеци после породување.

Во текот на студијата родителите пополниле електронски анкети со цел да се добијат податоци за тоа како се хранат нивните бебиња.

Дали носењето влијае на доењето?

Родителите од оваа студија кои користеле носилка пред породување имале поголема веројатност за доење и исхрана со мајчино млеко во текот на првите 6 месеци (68%) во споредба со родителите од контролната група (40%).

Согласно резултатите од студијата, може да се потврди дека користење носилка за време на бременоста ја зголемува веројатноста за доење во првите 6 месеци по породувањето.

Nurturely ќе ја продолжи оваа серија на истражување, но се претпоставува дека дури и ова мало истражување ќе има импликации за обликување на програмите за доење во иднина.

Во следното видео е прикажано упатство како да доите со користење на ергономска носилка:

Share this post