Herbalife Nutrition ги лансира H24 Achieve Протеинските плочки
Зголемете го дневниот внес на протеин со првата Herbalife Nutrition Протеинска
плочка од спортската линија Herbalife24 – H24 Achieve Протеински плочки.
Без разлика дали сега почнувате да вежбате, дали редовно посетувате
теретана или сте професионален спортист, потребна ви е спортска исхрана
што ќе ви биде поддршка во секое време. Затоа ги создадовме Протеинските
плочки H24 Achieve како одлично решение за внес на висококвалитетен
протеин и кога сте во движење.
Протеинот е еден од клучните нутриенти што може да ви помогнат да ги
постигнете вашите фитнес цели и игра важна улога во обновувањето на
мускулите по вежбање 1 бидејќи придонесува за одржување и за развој на
мускулната маса 2 , 3 .
Една плочка содржи 21 g протеин и има неодолив вкус на темно чоколадо.
Протеинските плочки H24 Achieve содржат ниска количина на шеќер, не
содржат вештачки бои или вештачки ароми, сертифицирани се со програмата
Sports Informed* и одговараат за вегетаријанска исхрана.
„Протеинската плочка H24 Achieve е идеален мал оброк по вежбање за секој оној што постигнувањето на своите фитнес цели сака да го поддржи со практичен, висококвалитетен протеински производ создаден од водечка компанија за спортска исхрана“, вели Горан Николиќ, регионален директор на Herbalife Nutrition за Југоисточна Европа.
„Продажбата на протеински плочки нагло расте низ цела Европа бидејќи потрошувачите избираат плочки за спортска исхрана наместо вообичаените житни или
чоколадни плочки.“ Новите H24 Achieve Протеински плочки се достапни во 25 земји во Европа и Африка, а сега може да ги купите од Независен Дистрибутер на Herbalife
Nutrition во Македонија.
За повеќе информации, пополнете го образецот ОВДЕ.